Во англискиот фудбалски шампионат од новата 2019/20 сезона ќе стартува новото правило кое и официјално беше потврдено од челниците на Премиерлигата, со тоа завршува една долгогодишна традиција по системот на рангирањето.
Категорија: Англија 15.07.2019 19:29 Прочитано: 749 пати
Екипите кои ќе имаат ист број на бодови во идната сезона од Премиерлигата, ќе бидат одвоени во однос на меѓусебните пресметки таа сезона, тоа е приоритетното решение кое се донесе на сметка на гол разликата, како што беше досега.
Во претходните сезони, екипите кои беа дел од такви специфични ситуации и завршуваа со ист број бодови, гол разлика и број на постигнати погодоци, требаше да играат „мајсторка“, но, од идната сезона до таков натпревар тешко би дошло со новото правило.
Во сезоната 2019/20, екипите кои ќе соберат најмногу бодови во меѓусебните дуели ќе има финално значење во однос на поставеноста на табелата, а како алтернативни опции се гол разликата и бројот на постигнатите погодоци, доколку и во тој случај клубовите не можат да бидат одвоени, ќе се користи правилото за повеќе голови на гости во меѓусебните пресметки.
Само доколку сите нивоа се идентични помеѓу одредени клубови, што е речиси невозможно, во тој случај би се закажала „мајсторка“ на неутрален терен и термин утврден од Премиерлигата.