24фудбал

Лестер му соопштил на Мегваер, ќе те пуштиме во Манчестер јунајтед но само под еден услов

Вестите дека е постигнат договор меѓу Лестер и Манчестер јунајтед се избрзани, преговорите меѓу двата клуба за трансферот на Мегваер продолжуваат.

Англија

Според „Телеграф“, Лестер му ветил на Хери Мегваер дека може да го напушти клубот но само доколку Манчестер јунајтед или Манчестер Сити платат рекордна сума за дефанзивецот.

Лестер сака Мегваер да биде најскапиот дефанзивец во светот и се чини дека тоа ќе им успее.

Актуелниот рекорд го држи Вирџил ван Дајк за кој Ливерпул плати 75 милиони евра.

Лестер и Манчестер јунајтед преговараат за Мегваер, се уште не е постигнат договор, но на добар пат е тој да биде склучен.

Лестер му дал јасно дознаење на Јунајтед дека сакаат рекордна сума за Мегваер и нема да прифатат ништо помалку од 80 милиони евра.

Мегваер вети дека нема да достави барање за трансфер, ќе остане професионален и ќе прифати заминување само доколку Лестер постигне договор за негова продажба.