24фудбал

Рајо одбил понуда од 4,5 милиони евра за Димитриевски!

Рајо Ваљекано одбил две понуди за Столе Димитриевски од кои едната достигнала и 4,5 милиони евра.

Македонија

Еспањол е во потрага по голман, па Димитриевски бил нивниот избор. Но Рајо Ваљекано не се откажува лесно од македонскиот голман.

Тие понудиле 3 милиони евра, плус 1,5 милион во бонуси, вкупна понуда од 4,5 милиони евра. Но добиле негативен одговор од Рајо.

Претходно Севиља понудила 2,5 милиони евра, но веднаш биле одбиени.

Информациите на „Марка“ велат дека сумата која Рајо Ваљекано ја бара за Столе Димитриевски е 6 милиони евра.