24фудбал

Де Хеа и Манчестер јунајтед пронашле компромис, Шпанецот станува најплатен голман со договор од речиси 100 милиони фунти!

Голем број на медиуми од Англија доцна вечерва пренесоа дека Давид де Хеа ќе стави потпис на нов договор со Манчестер јунајтед, Шпанецот ќе стане најплатен голман со неделни примања од 375.000 фунти.

Англија

Давид де Хеа и „ѓаволите“ подолго време се во преговори за продолжување на соработката, двете страни не можеа да најдат заеднички јазик за висината на платата.

Шпанецот бараше плата како на Алексис Санчез, кој има основни примања од 391.000 фунти но со бонуси и премии, сумата може да нарасне на 500.000 фунти.

Сепак последните информации велат дека дошло до компромис. Голем број на извори од Англија доцна вечерва пренесоа дека Давид де Хеа ќе стави потпис на нов договор откако Манчестер јунајтед ќе се врати дома по турнејата во Австралија и Азија.

Се шпекулира дека двете страни си подале рака за петгодишна соработка и неделна плата од околу 375.000 фунти. Тоа значи дека Шпанецот ќе стане најплатениот голман во светот, договорот ќе вреди речиси 100 милиони фунти, односно 97,5 милиони.

Претходно „ѓаволите“ го обезбедија потписот на уште еден важен играч за иднината, Маркус Рашфорд. Англичанецот доби нов договор со плата од 200.000 фунти, која со бонуси и премии може да порасне до 300.000 фунти неделно.