24фудбал

Нејмар му повторил на Леонардо дека сака да замине, Барселона ги интензивира преговорите и понудила двајца играчи

Медиумите од Франција пренесуваат дека Нејмар на состанокот со спортскиот директор Леонардо уште еднаш повторил дека сака да замине од „Паркот на принцовите“, Барселона ги интензивира преговорите и понудила двајца играчи во замена за Бразилецот.

Шпанија

Нејмар конечно се врати во Париз, но прашање е уште колку долго ќе се задржи во престолнината на Франција.

Напаѓачот веќе имаше средба со спортскиот директор Леонардо, и последните информации велат дека на овој состанок Нејмар на својот сонародник му повторил дека сака да замине од „Паркот на Принцовите“:

Според Ле Паризиен, Нејмар го известил Леонардо дека има желба да го напушти клубот. Тој не кажал конкретно дека сака назад во Барселона, едноставно ставил јасно до знаење дека повеќе не сака да игра за „светците“.

Во меѓувреме, Л’Екип пренесе дека Барселона ги интензивирала преговорите. Иако се уште не е доставена формална понуда, даден е усмен предлог. „Каталонците“ на ПСЖ му соопштиле дека се подготвени да понудат двајца играчи чија вредност надминува 222 милиони евра.

Весникот не открива имиња, но за да се стигне до ваква бројка, тоа е возможно само со нудење на Филипе Кутињо и Осман Дембеле во пакет.