24фудбал

Денеска завршуваат преговорите за Елмас, наскоро трансферот ќе биде комплетиран

Италијанскиот новинар, Џанлука Ди Марцио вели дека во текот на денешниот ден и најситните детали околу трансферот на Елиф Елмас во Наполи ќе бидат договорени и наскоро тој ќе се упати кон Италија.

Италија

Новинарот на „Скај Италија“, Џанлука Ди Марцио вели дека се е подготвено за лет на Елиф Елмас кон Неапол.

Денеска двата клуба ќе си подадат рака откако ќе бидат договорени и најситните детали кои преостанаа и ќе се премине кон комплетирање на трансферот.

Се очекува во текот на оваа недела Елиф Елмас да го потпише договорот со Наполи.