24фудбал

Официјално: Евертон го комплетираше трансферот на Делф

Евертон го потврди потписот на Фабијан Делф од Манчестер Сити.

Англија

За сума од 9 милиони фунти, Евертон го купи Фабијан Делф од Манчестер Сити кој стави потпис на тригодишен договор со клубот од Гудисон Парк.

Делф веќе е во тренинг кампот на Евертон во Швајцарија каде тимот се подготвува за новата сезона.

„Секогаш кога играв против Евертон, прво што ми паѓаше на ум кога ги гледав фановите е пасијата која ја имаат. Навивачите на Евертон знаат фудбал, го разбираат, изгледа како да им е во крвта, навистина му даваат голема поддршка на тимот“, вели Делф.

„Среќен сум што сум тука и ќе дадам апсолутно се, ништо помалку од 100 проценти. Се надеваме дека заедно со фановите ќе направиме нешто посебно“.

„Сакав да играм регуларно и шансата која дојде да играм за Евертон беше премногу добра за да ја одбијам“.