24фудбал

Емери конечно го кажа своето мислење за Косшиелни

Арсенал во моментов е на подготвителна турнеја за следната сезона, а со тимот не е капитенот Лорен Косшиелни кој реши да бојкотира, сака да си замине од клубот.

Англија

Однесувањето на Косшиелни во подготвителниот период воопшто не е капитенско. Дефанзивецот има уште една година од договорот со Арсенал, но бара од клубот да му дозволи да си оди во Франција каде што сака да ја продолжи кариерата.

Тој во знак на протест не отпатува со остатокот на тимот во САД, а сега свое мислење даде и тренерот Унаи Емери.

„Тој почна да тренира со нас додека бевме во Англија, три пати зборував со него за неговата ситуација“, вели Емери.

„Ние сакавме да дојде со нас на турнејата, но тој одлучи да остане. Сега ова е прашање на клубот и на фудбалерот“.

„Има уште една година од договорот. За мене како тренер тој е важен играч. Но проблемот треба да го решат тој и клубот“.

„Тој и клубот треба да зборуваат за неговата ситуација. Не можам да кажам ништо повеќе од тоа. Јас зборував со него пред да дојдеме тука, тој одлучи да остане таму“.

„Тука сум со играчите кои имаат дух да креираат нешто ново. А ќе ја чекам одлуката на клубот за Лорен Косшиелни“.

Арсенал ноќеска со 3-0 славеше во пријателскиот натпревар против Колорадо Рапидс.