24фудбал

Како Кристијано Роналдо му помогна на Јувентус да го ангажира Де Лихт

Матијс де Лихт утре треба да ги помине медицинските тестови и да потпише за Јувентус, а дел од заслугите за овој трансфер му се препишуваат и на Кристијано Роналдо.

Италија

Де Лихт е најбараниот дефанзивец ова лето, неговата зрелост, стабилност во играта и фактот што беше капитен на Ајакс со само 19 години покажува колку големо засилување ќе биде.

Интерес за него имаше и од ПСЖ и Барселона, но тој го одбра Јувентус. Некои медиуми пишуваат дека заслуги за тоа има и Кристијано Роналдо.

По крајот на финалниот меч од Лигата на нации, Роналдо и Де Лихт имаа разговор.

„Не го разбрав на почеток. Бев малку во шок, па се насмеав само, не кажав ништо. Веднаш по мечот не можете да бидете сконцентрирани на тоа, разочарани сте од поразот и тоа е единствената работа на која размислувате“, изјави тогаш Де Лихт.

Се пишуваше дека со тој говор Роналдо го врбувал Де Лихт да дојде во Јувентус. Но Холанѓанецот уште од мал бил голем фан на Кристијано.

„Отсекогаш сакав да бидам Кристијано Роналдо кога играв со моите пријатели фудбал на улица. Посебно кога тој играше за Манчестер јунајтед. Мојот прв купен дрес е од него, од тоа време“, вели Де Лихт.

Некои тврдат дека симпатиите на Де Лихт кон Роналдо и разговорот по мечот имаат сериозно влијание во изборот на Холанѓанецот.