24фудбал

Во Реал се израдуваа но агентот на Бејл брзо ги олади

Реал Мадрид очајно се обидува да се откачи од Герет Бејл, денеска се појавија гласини дека Тотнем е подготвен да го ангажира Велшанецот но агентот на играчот брзо демантираше се.

Шпанија

Герет Бејл не е дел од плановите на Зинедин Зидан па „кралевите“ се обидуваат да го продадат фудбалерот за да приберат средства за балансирање на буџетот но и да ја тргнат неговата голема плата од сметките (се шпекулира за сума помеѓу 15 и 17 милиони евра годишно).

Сепак, за Велшанецот никој не пројавува интерес (освен клубови од Кина кој сакаат да не му платат ништо на Реал) и „кралевите“ очајно бараат купец. Утрово Марка пренесе дека конечно некој пројавил желба и објави дека Тотнем сака да го врати Герет Бејл во своите редови.

Наводно „спарси“ биле подготвени да платат помеѓу 50 и 60 милиони евра за услугите на фудбалерот кого во 2013 му го продадоа на Реал Мадрид за преку 100 милиони евра.

Ваквите вести сигурно се добредојдени кај лидерите на Реал Мадрид, но брзо беа оладени од агентот на Герет Бејл.

Во разговор со ТокСпорт, Џонатан Барнет рекол дека ова се фабрикувани глупости и порачал: „Не сакам да коментирам вакви безвредни стории“.