24фудбал

РЕЗИЛ: Шкендија елиминирана од естонски Номе Калју (ВИДЕО)

Пукна голем срам за македонскиот фудбал, нашиот првак сопрен во квалификациите за Лигата на шампионите од клубот кој се чинеше дека треба да биде лесен залак, но, излезе спротивното од очекувањата.

Македонија

Иако со големи амбиции и очекувања, сепак ништо од тоа, голем шок во Скопје на реваншот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, каде македонскиот првак Шкендија доживеа домашен пораз од Номе Калју со 1-2.

Иако на гости во првиот меч тетовските црвено-црни славеа минимална победа и се чинеше дека победата треба по лесен пат да се потврди на реваншот, се случи шок откако гостинот уште во шестата минута поведе со голот на Уге и донесе неизвесност.

Во продолжението од мечот Шкендија ја презеде контролата на играта на теренот, но израмнувањето стигна дури во 62. минута и тоа од пенал, а од белата точка успешен реализатор беше Агим Ибраими, пеналот дојде откако претходно имаше играње со рака во казнениот простор на гостите од Естонија.

Во судиското надополнување Лилиу погоди за голема победа на Номе Калју која со оваа победа закажа пресметка со шкотски Селтик во второто квалификациско коло, што се однесува пак до Шкендија, нашиот првак продолжува во второто квалификациско коло во Лига Европа.