24фудбал

Османи: За секој пораз вината е на тренерот, не бегам од тоа

Шкендија доживеа шокантна елиминација од квалификациите во Лигата на шампионите откако на свој терен со 2-1 загуби од Номе Каљу.

Лига на Шампиони

Шкендија веќе со мислите беше на двомечот со Селтик, мислеше дека денешниот натпревар ќе биде рутински, но тој се претвори во кошмарен.

Противникот беше потценет, а данокот платен во 91. минута кога Номе Каљу го постигна победничкиот гол кој значеше елиминација за Шкендија.

„И по првиот натпревар споменав дека ни фали реализацијата. И сега беше така. Одигравме бледо прво полувреме, бевме подобри во второто, но недоволно за победа. Немавме агресивност, доцневме во додавањата, не го контролиравме резултатот. Знаевме дека можат да бидат опасни од прекини, но не затворивме најдобро, од скок ги примивме и двата гола“, вели тренерот Османи.

„Кога ќе се загуби одговорноста секогаш е на тренерот, не бегам од тоа, ја прифаќам. Но сега мора да ја вратиме атмосферата и да мислиме на следниот предизвик, ќе видиме дали тоа ќе биде Валета или Дуделанж“.