24фудбал

Шкендија ќе игра против Дуделанж во квалификациите од Лига Европа

Наместо дуел со Селтик во квалификациите од Лигата на шампионите, Шкендија ќе игра против Дуделанж од Луксембург во второто квалификациско коло од Лига Европа.

Лига Европа

Шкендија денеска се посрамоти откако на свој терен загуби од Номе Каљу со 2-1 и доживеа изненадувачка елиминација од квалфикациите во Лигата на шампионите.

Но македонскиот шампион продолжува во Европа, ќе игра во второто квалификациско коло од Лига Европа каде противник ќе му биде Дуделанж.

Дуделанж денеска одигра 1-1 на гостувањето кај Валета и поради помалку голови во гости е елиминиран од квалификациите во ЛШ, натпреварот во Луксембург заврши 2-2.

Шкендија ќе биде домаќин на првиот меч, во реваншот ќе гостува во Луксембург.