24фудбал

ПЕС 2020 потпиша ексклузивен договор со Јувентус, ФИФА 2020 ќе користи лажно име за италијанскиот шампион

Про Еволушн Сокер (ПЕС) му зададе удар на својот ривал ЕА Спортс, тие за прв пат ќе треба да користат лажно име на ФИФА за гигант каков што е Јувентус.

Италија

ПЕС и ФИФА водат голема битка кога се во прашање фудбалските видео игри. Во последните години ФИФА доминира, па Конами се одлучи да направи потег кој ќе го загрози ривалот.

ПЕС потпиша ексклузивен договор со Јувентус за нивното име, нивниот амблем, дресови и Алијанц стадионот за следните три години.

Тоа значи дека ѕвездите на Јувентус како што се Роналдо, новото засилување Де Лихт и останатите ќе мора да ги играте под друго клупско име.

Имињата на играчите и нивниот изглед си остануваат исти, но наместо Јувентус, тимот ќе се вика „Пиемонте Калчо“ (Piemonte Calcio), така информираше ЕА Спортс.

ПЕС долго време се мачи да ја стигне ФИФА кога се во прашање правата на имињата на клубовите и играчите. Буџетот преферираше да го користи на развој на колку што е можно пореална игра.

Во изминатите години Конами успеа да потпише договори со тимови како Баерн Минхен и Барселона од кои доби дозвола да ги користи вистинските имиња на фудбалерите и нивниот изглед.

Но ова е прв пат ПЕС да купи ексклузивни права за голем тим според кои ФИФА нема да може да го користи вистинскиот назив на клубот.

Фановите често се смееа на лажните имиња, претежно на англиските клубови во ПЕС и нивните играчи. Пример, Манчестер јунајтед и Манчестер Сити беа Ман Ред и Ман Блу. Сега таков проблем ќе има ФИФА со Јувентус.