24фудбал

Де Роси ќе продолжи да игра, тој е пред трансфер во Бока Јуниорс

Даниеле Де Роси одлучи да продолжи да игра фудбал, но нема да остане во Серија А, изборот паднал на Бока Јуниорс.

Јужна Америка

Легендата на Рома, Даниеле Де Роси е на добар пат да стане засилување на Бока Јуниорс.

Тој имаше понуди од Фиорентина, Болоња, Лос Анџелес и од јапонски клубови, но Бока Јуниорс ја добива трката по неговиот потпис.

Според „Кориера дело Спорт“, Де Роси се очекува во петок или сабота да отпатува во Буенос Аирес каде треба да биде комплетиран трансферот.