Фудбалерот на Црвена звезда, Марко Гобељиќ синоќа доби црвен картон поради исклучително остар старт, можеби ја заврши и кариерата на противничкиот играч.
Категорија: Лига на Шампиони 17.07.2019 11:56 Прочитано: 975 пати
При водство на Црвена звезда од 2-0, Марко Гобељиќ сосема непотребно направи старт за во затвор на средината на теренот.
Му ја скрши ногата на Ваидас Славицкас од Судува. Најпрво доби жолт картон, но кога судијата сфати што уствари се случи, му го покажа црвениот картон.
Информациите велат дека фудбалерот на Судува го очекува долга пауза, сезоната за него сигурно е завршена, а се оди дотаму да некои пишуваат дека ова можеби е и крај на кариерата.