24фудбал

Рајола со коментар за сагата околу Погба: Крајот на оваа приказна...

Италијанецот денеска го придружуваше својот клиент Де Лихт кој е новото засилување за Јувентус, медиумите не пропуштија прилика да го прашаат Италијанецот за ситуацијата со Погба, кој одреден период се поврзуваше и со Старата дама.

Англија

Контроверзниот фудбалски агент Мино Рајола инсистира на тоа дека сагата околу ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба се уште не е завршена, Французинот подолг период е на мета на Реал Мадрид.

Зинедин Зидан има голема желба да го види својот сонародник во својот тим, но, Манчестер јунајтед нема намера да се ослободи од него, па Премиерлигашот постави цена од 200 милиони евра за Погба.

Се уште нема ништо... Дали ќе остане во Манчестер јунајтед? Јас мојот живот го живеам од ден за ден, ќе видиме што ќе се случи“ посочи агентот на Погба, Рајола.

Крајот на оваа приказна се уште не е испишана, ние сме тука денеска, утре не се знае што ќе се случи“ додаде Италијанецот.

Рајола денеска го придружуваше големото засилување за Јувентус, еден од неговите клиенти, Матијс де Лихт во Торино, а 19 годишниот дефанзивец ќе направи трансфер од Ајакс во Старата дама за сума од околу 75 милиони евра.