24фудбал

Озил се појави со нова фризура, Обамејанг не пропушти да го „пецне“ за истата (ФОТО)

Озил и Обамејанг со својот тим се на претсезонски подготовки во Лос Анџелес на турнејата во Соединетите Американски Држави, тимот на Унаи Емери тргна одлично откако триумфираше со 3-0 над Колорадо, но, имаше и „новитет“ во тимот на Топчиите.

Англија

Пјер-Емерик Обамејанг не можеше а да не ја коментира новата фризура со која се појави неговиот соиграч од Арсенал, Месут Озил за време на тренинг на Премиерлигашот.

Озил целосно го промени својот стил, а Обамејанг не можеше а да не оддолее да коментира за таа промена на Германецот, па така тој ја спореди неговата фризура со онаа на американската фудбалерка Меган Рапино, која неодамна стана светска шампионка со својата национална селекција.

Напаѓачот на Арсенал објави фотографија од Озил и Рапино еден до друг, а на истата го коментираше следново: Сега знам како тие победија, најдобрата фризура која досега си ја имал брату“ гласеше коментарот на Обамејанг, кој низ шега наведе дека токму фризурата на Рапино била причината за освоената светска титула на Американките.