24фудбал

Ако ова им успее капата долу за Јуве, го купија за 18 милиони пред две недели, сега го продаваат на Милан за 40 милиони?!

Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус и Милан се во преговори за дефанзивецот Мерих Демирал, „старата дама“ бара 40 милиони евра за Турчинот а го купи за двојно помалку на почетокот од овој месец.

Италија

Јувентус направи неколку одлични здели изминативе години, но капата долу доколку успеат во последната намера. На почетокот од овој месец, „бјанконерите“ за 18 милиони евра (сума која ќе се плати на четири рати) го купија перспективниот Мерих Демирал од Сасуоло.

Со оглед на тоа дека треба да пристигне Матајс де Лихт, а „старата дама“ на располагање ги има уште и Џорџо Кјелини, Леонардо Бонучи и Даниеле Ругани, за младиот Турчин тешко дека ќе има место, па за очекување е тој да биде испратен некаде на позајмица особено што зад себе има само шест месеци во Калчото и 14 натпревари.

Во последно време интерес пројавува Милан, и Јувентус е подготвен дури и да го продаде Мерих Демирал но за 40 милиони евра.

„Џампаоло го сака Демирал, тој е негов прв избор за засилување на одбраната“ - вели добро упатениот новинар Џанлука Ди Марцио. „Милан ќе се обиде да ја исполни желбата на тренерот но нема да биде лесно, Јувентус бара 40 милиони евра за да го продаде. Една можност е тој да биде позајмен, Милан да се обврзе во целост да го купи и плус да му даде опција на Јувентус да го врати во своите редови. Се водат преговори, но „росонерите“ не сакаат да им послужат како банка на „бјанконерите““.