Арсенал со 2-1 го победи Баерн Минхен во пријателскиот натпревар кој беше дел од Интернационалниот куп на шампионите.
Категорија: Англија 18.07.2019 10:10 Прочитано: 592 пати
По мирното прво полувреме, сите три гола паднаа во вториот дел. Резултатот беше отворен во 49. минута кога Позански си постигна автогол со кој Арсенал поведе со 1-0.
Во 71. минута Левандовски го изедначи резултатот, но Нкетиа на две минути до крајот даде победнички гол за Арсенал.