24фудбал

Бонучи би можел да си замине од Јуве, и тоа поради Де Лихт?

„Мундо Депортиво“ тврди дека постои можност Италијанецот ова лето да си замине од Торино, два клуба од поодамна се загреани за неговиот потпис, а отворено е прашањето дали ќе има „чистка“ во одбраната на Старата дама.

Италија

Пристигнувањето на Матијс де Лихт во Јувентус би можело да го притисне Леонардо Бонучи да си замине од редовите на италијанскиот првак ова лето, ова го тврди „Мундо Депортиво“, а истиот медиум додаде и за причината за таквиот можен исход.

Јувентус има дури пет централни дефанзивци со Де Лихт, покрај Холанѓанецот тука се уште и Кјелини, Бонучи, Ругани, како и Демирал, па останува отворено прашањето дали ќе има одредена „чистка“.

„Мундо Депортиво“ тврди дека сево ова би го притиснало Бонучи да си замине од Торино уште ова лето, а за неговите услуги интерес пријавуваат Манчестер Сити и ПСЖ, обата клуба се загреани за неговиот потпис од поодамна.