24фудбал

„Доколку Икарди беше мој играч, на Ванда би и нашол ново момче да се оддалечи од него“

Интер сака да се ослободи ова лето од „вишокот“ во својот состав, нема место за аргентинскиот напаѓач во тимот на Конте за идната сезона, а тој има две опции кои сигурно ќе ги разгледа со својот агент а воедно и сопруга Ванда Нара.

Италија

Поранешниот директор на Интер, Валтер Сабатини вели дека би се погрижил Ванда Нара да има ново момче доколку Мауро Икарди се уште беше негов фудбалер, оваа негова изјава доаѓа во веројатно пресудниот период за Аргентинецот во поглед на неговата иднина во тимот на Нероаѕурите.

Сабатини беше технички директор на Интер во периодот од 2017-2018. година, додека навивачите на Интер ја обвинија Ванда за проблемите кои ги направи Икарди, откако „протестираше“ во клубот по одземената капитентска лента.

Доколку Икарди беше мој играч, би и нашол ново момче на Ванда за таа да се оддалечи од Мауро, кој е прекрасно момче и исто така татко“ вели 64 годишниот Сабатини во изјавата за „Газета дело Спорт“.

Икарди моментално тренира во Милано, Аргентинецот беше изоставен од составот на Нероаѕурите за претсезонските подготовки во Азија, а Антонио Конте јасно му стави дознаење дека тој не е во неговите планови за идната сезона.

„Кориере дело Спорт“ пренесе дека одлуката на Икарди околу Јувентус и Наполи, кои се двете најсериозни опции за него ова лето, ќе биде донесена во консултација со неговата сопруга и агент Ванда Нара, најмногу поради семејни причини, и тоа поради евентуалната преселба, доколку го одбере Јувентус неговото семејство би можело да остане во Милано, но, во случај да го одбере Наполи, ќе мора да ја промени средината.