24фудбал

Ерменски Алашкерт ја посрамоти Македонија Ѓорче Петров на реваншот во Скопје

Бледо издание на македонскиот претставник во квалификациите за Лига Европа, „Лавовите“ со вкупно шест примени и еден постигнат гол елиминирани уште во првото коло од тоа натпреварување.

Македонија

Македонија Ѓорче Петров најпрво загуби со 3-1 на гостувањето во Ерменија, за на реваншот во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“ да загуби со убедливи 0-3 од Алашкерт, кој веројатно беше „голем залак“ за финалистот од Купот во нашето првенство за минатата сезона.

Алшкерт уште во првото полувреме навести дека нашиот претставник нема речиси никакви шанси за прогрес откако Ненадовиќ во 21. минута донесе предност за гостите кои со тој резултат заминаа на паузата.

Во второто полувреме Ерменците само ја дополнија гол-разликата, па така Галвао во 68. минута зголеми на 0-2, за шест минути подоцна Восканијан да ги постави конечните 0-3 од овој натпревар.

Во 19 часот Академија Пандев гостува кај Зрињски а на домашен терен претходно Струмичани забележаа убедлив пораз од 0-3, час и половина подоцна пак Шкупи на домашен терен го пречекува ерменски Пјуник, токму Чаирчани имаат најдобра прилика за прогрес откако на гости ремизираа со 3-3.


Фото-вест: FC Alashkert (Facebook)