24фудбал

Ројс за Клоп: Тој е животно, вие само на ТВ можете да видите некој како него

Офанзивецот го опиша својот поранешен тренер од редовите на бундеслигашот како животно, додаде дека тој е еден редок случај во професионалниот бизнис.

Германија

Плејмејкерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс откри дека Јирген Клоп одиграл клучна улога во неговата одлука да потпише за германскиот бундеслигаш во 2012. година.

Ројс се приклучи на „Милионерите“ во период кога Клоп се уште беше на кормилото на таа екипа, а судејќи по оваа изјава на Германецот, тој очигледно е дека му се восхитува на Клоп, кој моментално е на кормилото на Ливерпул.

О, мој боже, Јирген беше такво животно! Вие сте запознале таков како него само на ТВ“ вели Ројс.

Доколку Клоп седне покрај вас, таков каков што е, со неговата агресивност, која има радијација дури и додека говори, со неговата големина, тоа е едноставно импресивно, дури и на начинот на кој зборува со вас, ова е редок случај во професионалниот бизнис“ додаде Ројс.

Тој ве става на исто ниво како неговото, никогаш нема да ве напушти, ја напуштив конверзацијата а моето срце трепереше, тој дефинитивно беше една од причините зошто јас потпишав за овој клуб“ заклучи фудбалерот на Борусија Дортмунд.