24фудбал

Покетино е новиот изведувач на слободните удари за Тотнем (ВИДЕО)

Аргентинскиот фудбалски стратег покажа дека не заборавил како со топката и по 11 години по пензионирањето од активното играње, Тотнем објави интересен видео детал од подготовките.

Англија

Тотнем се подготвува за новата сезона, а веќе во недела Премиерлигашот го очекува пресметка со Јувентус во Сингапур во Интернационалниот шампионски куп.

За време на подготовките, Тотнем објави еден доста интересен детал за време на тренинзите, во главна улога е шефот на стручниот штаб Маурицио Покетино, кој ги покажа своите фудбалски вештини и демонстрираше како треба да се изведе еден слободен удар.

Многумина на шега низ социјалните мрежи коментираа дека Тотнем идната сезона ќе има нов изведувач на слободните удари во Покетино, има зошто...