24фудбал

Арсенал води војна за неговиот потпис, а тој лајкна нешто што не требаше... (ФОТО)

Младиот 18 годишен дефанзивец се поврзуваше и со Тотнем кој исто така пријавуваше интерес за неговите услуги, но, повеќе медиуми пренесуваат дека Арсенал веќе ја добил битката, меѓутоа работите за момент се комплицираа.

Англија

Вилијам Салиба силно се поврзува со трансфер во Арсенал ова лето, меѓутоа според неговата активност на социјалните мрежи, се чини дека тој има големи симпатии кон новиот домашен дрес на Тотнем, најголемиот, а воедно и градски ривал на Арсенал.

Дефанзивецот на Сент Етјен според шпекулациите е близу до преселба во Лондон за 27 милиони фунти, што дополнително се вклопува со буџетот кој Арсенал го има за овој летен преоден рок, меѓутоа навивачите на Топчиите му замерија поради тоа што го стори на социјалните мрежи.

Веројатно навивачите на Арсенал нема да му простат на Салиба откако тој лајкна фотографија објавена на официјалната страна на „Најкфудбал“, на која ѕвездата на Тотнем, Хари Кејн позира во новиот домашен дрес на европскиот вицепрвак.