24фудбал

Нов убедлив пораз за Академија Пандев, Струмичани беа лесен плен за Зрињски

По Македонија Ѓорче Петров, уште еден од триото македонски претставника доживеа елиминација во квалификациите за Лига Европа, уште од првиот меч беше извесно, а сега се потврди, Академија Пандев се збогува со Европа.

Македонија

Академија Пандев загуби и на реваншот против Зрињски, откако на гостувањето во Мостар загуби со 3-0, ова е идентичен резултат исто како во првата пресметка каде Струмичани беа исто така убедливо поразени пред своја публика со 0-3.

Иако во првиот дел мрежите на мечот во Мостар мируваа, босанскиот претставник во вторите 45 минути игра ја наполни до врв мрежата од голот на Струмичани, најпрво Мандиќ по само пет минути игра во второто полувреме донесе почетна предност од 1-0, а подоцна домаќинот погоди уште два пати.

Говедарица во 79. минута зголеми на 2-0 и кога сите го очекуваа последниот судиски свиреж, Зрињски преку Гојковиќ зголеми на 3-0 а со тој погодок беше поставен и конечниот исход од оваа пресметка.

Од 20,30 часот Шкупи на домашен терен го пречекува ерменски Пјуник откако претходно на гости одигра 3-3, Чаирчани имаат поволен резултат од првиот меч, но, останува отворено прашањето колку истиот ќе го искористат на реваншот, ако се земе во предвид дека нашиот претставник тргна со негатива.

 

Фото-вест: HSK Zrinjski Mostar (Facebook)