24фудбал

Ривалдо со коментар за ситуацијата со Нејмар

Последните информации на темата „Нејмар“ велат дека Барса веќе ја презентирала понудата до ПСЖ, во истата биле вклучени 90 милиони евра во кеш и дополнително двајца фудбалери по избор на францускиот тим, понудени биле Кутињо, Ракитиќ, Дембеле, Умтити и Малком.

Франција

Бразилската фудбалска легенда и екс член на Барселона, Ривалдо ја коментираше ситуацијата во која моментално се наоѓа неговиот сонародник и член на ПСЖ, Нејмар, за кого подолг период се шпекулира дека би можел да се врати на „Камп Ноу“.

Дека Нејмар не е среќен во француската престолнина нема никакви дилеми, меѓутоа, Ривалдо смета дека ПСЖ со право нема леснотија околу тоа да се ослободи од неговите обврски, особено по огромните 222 милиони евра вложени во трансферот на Бразилецот.

Генерално е јасно познато дека Нејмар сака да го напушти ПСЖ за некој друг голем европски клуб, но, тоа не е гаранција, сепак, доколку остане, тој ќе треба да се фокусира само на својот фудбал, повеќе од било што друго“ смета Ривалдо.

Тој не е среќен во ПСЖ, јас верувам дека тој дури и би зажалил во својата одлука за тој трансфер, со сета почит, но ситуацијата е доста комплицирана, тие потрошија многу пари на него“ додаде Бразилецот.

ПСЖ не сака туку-така да се ослободи од него, тоа би било голема загуба за клубот откако инвестираа над 200 милиони евра, но, верувам дека би можеле да ја вратат таа инвестиција, најмалку да го заменат за пари и други добри фудбалери“ заклучи Ривалдо.

Дури и шефот на стручниот штаб на ПСЖ, Томас Тухел во изјава за „РМЦ“ потврди дека кај Нејмар имало желба да го напушти францускиот првак, и тоа пред самиот старт на Копа Америка, тој дури не се појави на претсезонските подготовки со клубот навремено, почна со подготовки една седмица подоцна со што влезе во војна со ПСЖ.