24фудбал

Јуве ги објави новите броеви на дресовите, дали овој број е резервиран за Икарди?

Во текот на вчерашниот ден медиумите во Италија објавија дека Икарди му дал ултиматум на Јувентус дека ќе чека до 10. август, неговата втора опција е Наполи, токму вицепрвакот на Италија ќе биде негов избор при евентуален неуспех во преговорите со Старата дама.

Италија

Во објавувањето на составот за летната турнеја, во која Бјанконерите се „чекираа“ во Азија, а денеска треба да одлетаат за Сингапур, клубот истовремено ги објави и броевите на дресовите на фудбалерите за идната сезона.

Изборот на новите засилувања и официјално е потврден, Буфон ќе го носи дресот со број „77“, Де Лихт „4“, Рабио „25“, Демирел „28“ а Ремси „8“, претходно последниот број го носеше Маркисио.

Тоа што е интересно е ситуацијата со Игуаин, аргентинскиот напаѓач не го зема дресот со бројот „9“, истиот го носеше во последната сезона во редовите на Старата дама, а го избра бројот „21“, па во Италија најдоа причина да отворат една дилема во однос на потенцијален трансфер на Икарди во Торино.

Не е тајна дека спортскиот директор на италијанскиот првак, Фабио Паратичи преговара за ангажман на Икарди од Интер, веројатно е дека „деветката“ потенцијално е резервирана за поранешниот капитен на Нероаѕурите, а можеби на крајот ќе падне и изненадуачка одлука во Торино, тој број да го носи младиот и доста талентиран напаѓач Моисе Кин.