24фудбал

Малдини: Модриќ е перфектен за Милан, но не сме преговарале со Реал

Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини ги прокоментира гласинтие кои ги поврзуваат со ангажман на Лука Модриќ, вели дека Хрватот е перфектен за нив но тие не преговараат со Реал Мадрид.

Италија

„Росонерите“ напорно работат на засилување на тимот и денеска беа презентирани Тео Ернандез и Раде Круниќ како нови играчи. Милан се поврзува со уште неколку имиња, а во последно време често се споменува ангажман на Лука Модриќ од Реал Мадрид.

Паоло Малдини попладнево ги прокоментира ваквите гласини, вели дека Хрватот е перфектен за Милан но посочи дека во моментов нема преговори со „кралевите“.

„Седнавме со тренерот Џампаоло и разговаравме. Во потрага сме на добри млади играчи и неколку искусни имиња. За младите играчи да напреднат, треба да играат покрај искусни. Модриќ е перфектен за Милан, но никогаш не сме преговарале со Реал за него“ – вели техничкиот директор на „росонерите“.

„Потребни ни се играчи на одредени позиции, но оние квалитетните фудбалери се скапи. Можеби изгледа дека се мачиме на трансфер пазарот, но тој завршува дури на 2. септември. Не се брзаме, и целта е да направиме што е можно помалку грешки. Трансфер пазарот е полн со преговори, шанси и избори“.