24фудбал

Берберот на Елмас навести трансфер на Македонецот со оваа објава на социјалните мрежи (ФОТО)

Во Италија пред неколку денови известија дека Македонецот за сума од 16 милиони евра се сели во редовите на Наполи кој веќе си подал рака со Фенербахче за трансферот кој се очекува да се финализира овој викенд.

Македонија

Елиф Елмас е пред голем трансфер во периодот кој претстои, 19 годишниот македонски интернационалец од редовите на Фенербахче според најавите викендов треба да стави потпис со калчолигашот и да заврши сагата околу неговата иднина.

Интересна објава на социјалните мрежи имаше берберот кој се грижи за изгледот на нашиот фудбалер, тој на фотографијата која ја објави со Елмас додаде коментар „Можеби последното бричење“, а тоа дополнително ги подгреа шпекулациите дека Македонецот и дефинитивно си заминува од Истанбул...