24фудбал

Барса ги стави Ракитиќ и Кутињо на продажба, за Хрватот се бараат 50 милиони евра, за Бразилецот двојно повеќе

Според пишувањата на каталонскиот весник Спорт, лидерите на Барселона решиле да ги стават Иван Ракитиќ и Филипе Кутињо на продажба, целта е да се приберат околу 150 милиони евра.

Шпанија

„Каталонците“ планираат ова лето да се разделат со неколку фудбалери за да го наполнат буџетот и клубот да се доведе во подобра финансиска кондиција. Според пишувањата на Спорт, на продажба се ставени и две звучни имиња како Иван Ракитиќ и Филипе Кутињо.

Каталонскиот весник вели дека лидерите на Барса се решиле на еден ваков чекор бидејќи Хрватот и Бразилецот се играчи за кои има голем интерес ширум Европа и можат да донесат големи суми.

Иван Ракитиќ се проценува на околу 50 милиони евра, додека пак Филипе Кутињо двојно повеќе односно 100 милиони евра. Во моментов сепак нема конкретни понуди ниту за едниот ниту пак за другиот.