24фудбал

Алжир го освои КАН по 29 години, до втората титула стигна со чуден гол (ВИДЕО)

Алжир е новиот шампион на Африка, „пустинските лисици“ по втор пат триумфираат на КАН откако вечерва со 1-0 го совладаа Сенегал во финалето.

Останато

По 1990 година, Алжир се радува на нов триумф на Купот на Африкански нации. Вечерва во финалето против Сенегал, избраниците на Белмади славеа со 1-0.

Единствениог гол на мечот падна уште во втората минута. Бунеџах биеше од далечина, топката незгодно се одби од еден дефанзивец, полета високо и падна точно под пречката. Голманот на Сенегал веројатно тешко можеше да одбрани, но неговата реакција беше несфатлива со оглед на тоа дека остана вкопан во место и неколку секунди гледаше како топката се движи наместо да се обиде да интервенира.

Сенегал потоа цел натпревар се обидуваше да стигне до изедначување, имаше и неколку спорни ситуации кои беа прегледувани со ВАР, но нов гол не падна па Алжир по 29 години одново е шампион на Африка.