24фудбал

Зидан го прокоментира трансферот на Погба и испрати порака до Бејл: Неговата ситуација се нема променето

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан проговори за дел од трансфер активностите и што се случува со Пол Погба, Герет Бејл и Хамес Родригез.

Шпанија

Французинот се појави на прес во пресрет на првиот натпревар од подготовките и пресметката со Баерн во Хјустон.

„Најпрво сакам да им се заблагодарам на сите оние кои ми испратија пораки со поддршка по смртта на мојот брат“ - рече Зинедин Зидан пред да почне да одговара на прашањата од новинарите, и секако неизбежнo беше она за Пол Погба, кој се верува дека е последната желба на стратегот.

„Погба? Секогаш ги кажувам истите работи и ќе почнам да наликувам на будала. Клубот знае што сакам, работиме на случајот. До 31. септември многу работи можат да се променат. Не можам да говорам за тоа дали тој е последното парче од сложувалката, треба да се почитуваат одредени работи“.

„Имаме план, ќе видиме што ќе се случи, во моментов сме фокусирани само на утрешниот натпревар“.

Новинарите исто така беше заинтересни и за иднината на Герет Бејл и Хамес Родригез, играчи на кои Зизу не смета. И додека за Велшанецот нема конкретни понуди, Колумбиецот е на мета на Наполи и Атлетико Мадрид.

„Ситуцијата на Бејл се нема променето. Не преставува проблем тоа што тој е тука. Под договор е со Реал и ќе треба да почекаме и да видиме што ќе испадне на крајот“.

„Хамес Родригез е играч на Реал и во моментов е на одмор. И за него треба да почекаме. Не можам да кажам ништо повеќе“.