24фудбал

Де Лаурентис: Фановите да бидат трпеливи, до крајот на преодниот рок многу интересни работи можат да се случат

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис им порача на фановите на неговиот клуб да бидат трпеливи бидејќи до крајот на преодниот рок можат да се случат интересни работи.

Италија

Наполи се обидува да го засили тимот за следната сезона, а нареден кој треба да дојде е Елиф Елмас, покрај македонскиот фудбалер се очекуваат уште неколку засилувања до крајот на летниот преоден рок.

„Би сакал да можам да се сликам со сите вас, но невозможно е“, рече Де Лаурентис на средба со фановите.

„Што се однесува до трансфер пазарот, треба да бидете трпеливи бидејќи преодниот рок завршува на 2 септември, па дотогаш може да се случат многу интересни работи“.

„Ние преговараме со тие за кои сме заинтересирани, но сега не треба да правиме сцени од тоа“.