24фудбал

Реал Мадрид немоќен против Баерн Минхен (ВИДЕО)

Баерн Минхен со 3-1 го победи Реал Мадрид на пријателскиот турнир „Интернационален шампионски куп“, лош резултат на оваа контрола за Зинедин Зидан.

Шпанија

Реал Мадрид со можеби најсилен прв состав влезе во овој натпревар, мечот од првата минута го почна Еден Азар. Но работите на теренот не функционираа најдобро.

Резултатот го отвори Толисио уште во 15. минута од натпреварот по една убава акција, а потоа долго време мрежите мируваа.

На 2-0 зголеми Левандовски во 67. минута по една долга топка од Шуле. Само две минути подоцна во листата на стрелци се запиша Гнабри за 3-0. Веќе беше јасно кој е победникот.

До крајот на мечот Реал Мадрид со фантастичен гол на Родриго од слободен удар ги постигна конечните 3-1