24фудбал

Елмас се збогуваше со Фенербахче (ВИДЕО)

Младата македонска фудбалска ѕвезда на пат за Неапол каде треба да биде официјализиран неговиот најавуван трансфер во италијанскиот вицепрвак Наполи.

Македонија

Елиф Елмас веќе се збогуваше со Фенербахче во пресрет на неговиот трансфер во Наполи, а во редовите се направи и место за 19 годишниот офанзивец со тоа што преселбата на Марко Рог во Каљари е веќе завршена работа.

Фенербахче денеска објави дека македонскиот репрезентативец не е во тимот за нивните претсезонски подготовки во Австрија, а дека трансферот на Елмас е веќе договорен доволно говори и објавата на Македонецот на социјалните мрежи.

Очекувањата во Италија се Наполи да му исплати 16 милиони евра на Фенербахче, а дополнително помеѓу обете страни се договорени и бонуси.

Елмас во Наполи ќе го замени Рог, а „Скај Спорт Италија“ веќе пренесе дека Каљари постигнал договор со Наполи за трансферот на Хрватот кој ќе чини 15 милиони евра.

Во Италија најавуваат дека во текот на утрешниот ден предвидено е Елмас да биде на медицински прегледи пред да го потпише договорот со калчолигашот.