24фудбал

Депај го објави новиот сингл (ВИДЕО)

Холанѓанецот на својот официјален „Јутјуб“ канал го објави најновиот музички запис кој по само четири часа ја надмина бројката од 100,000 гледаност, постои поделеност во јавноста околу позитивните и негативните коментари.

Останато

Мемфис Депај го објави својот трет сингл во својата музичка кариера, која ја почна од пред две години со објавувањето на два фристајла, лани следеше уште еден, а потоа и два сингла, пред неколку часа тој го објави и третиот сингл насловен „Повлечи се“.

Холанѓанецот, кој се врати во Лион по неуспешната авантура во Манчестер јунајтед, според сознанијата на „Сан“, се верува дека за спотот позајмил приватен авион кој му припаѓа на ѕвездата на Ф1 шампионатот, Луис Хамилтон.


Што се однесува пак до фудбалската кариера на 25 годишниот Холанѓанец, се верува дека Милан под будно око ја следи неговата ситуација во Лион, клуб со кој има актуелен важечки договор до 2021. година.