24фудбал

Пропадна можноста за трампа помеѓу Арсенал и Интер, Икарди категорично ја одби таквата опција

Аргентинецот е „вишок“ во редовите на Нероаѕурите, дека не е во плановите на клубот за идната сезона добил и известување лично од Конте, па така се работи на случајот за негово заминување од Милано.

Италија

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди наводно ја одбил можноста да се пресели во редовите на Арсенал преку можноста обата клуба да реализираат трампа, а напаѓачот од другата екипа се вели дека е Пјер-Емерик Обамејанг, известува „Спорт Медиасет“.

Аргентинскиот напаѓач бил информиран од новиот шеф на стручниот штаб на Нероаѕурите, Антонио Конте, дека тој не е во плановите на клубот за идната сезона, па така Интер очајно посакува да се ослободи од обврските кон него.

Извесен период во Италија се шпекулира дека Икарди сака да остане во Милано, што на некој начин би било терање инает со клубот, како и да е, тој истовремено се поврзува со Јувентус, токму италијанскиот првак е негов прв потенцијален избор, а втората опција за Аргентинецот се вели дека е Наполи.