24фудбал

Медиумите и Реал Мадрид водат хајка против него, а тој им го даде најдобриот можен одговор (ВИДЕО)

Кон Велшанецот се удира со дрва и камења од сите страни, јасно е дека тој тера инает со Реал Мадрид по прашањето за неговата иднина, меѓутоа сосема легитимно од негова страна со оглед на фактот што е под договор со клубот.

Шпанија

Реал Мадрид со најсилниот состав кој го поседува Зинедин Зидан во својот избор излезе на мегдан со Баерн Минхен, но, Кралевите добија лекција по модерен фудбал од Баварците кои славеа со 3-1, а имаа водство и од 3-0.

Азар беше исто така дел од составот на Кралевите кои имаа бледо издание на оваа контролка, иако Зидан не му укажа прилика за настап на Бејл, токму Велшанецот беше главна тема по поразот од Баерн Минхен, а Зидан посочи дека колку побрзо тој си заминел, толку подобро би било за сите страни.

Поделени се мислењата околу ситуацијата со Бејл во Реал Мадрид, јасно е колку значаен беше Велшанецот во повеќе историски моменти за клубот, а најдобриот одговор на сите кои го „прогонуваат“, тој им го даде на за време на тренинг на Реал Мадрид, каде едноставно „растури“...