24фудбал

Кубо: Постои голема фокусираност на мене, тоа не ми се допаѓа

Младиот Јапонец кој Реал и го „украде“ на Барса од пред нос воодушевува на подготовките на Кралевите, тој на мечот во Сингапур во игра влезе во второто полувреме на местото на Крос, вели дека е среќен за дебито иако неговиот тим загубил.

Шпанија

Такефуса Кубо имаше неофицијално деби во дресот на сениорскиот состав на Реал Мадрид во поразот од Баерн Минхен од 3-1 на интернационалниот куп на шампиони, а 18 годишниот Јапонец по мечот говореше за неговото присуство во тимот на Зинедин Зидан.

Тоа што Кубо е дел од големиот Реал предизвика голем интерес во неговата родна земја, од таму имаше дури и повеќе претставници од оние кои дојдоа да ги проследат претсезонските подготовки на Кралевите од Шпанија, но, тој вели дека не му се допаѓа фактот што има голема фокусираност на него.

Знам што се случува во мојата земја, постои голема фокусираност на мене, меѓутоа мене лично тоа не ми се допаѓа, моето размислување јас го ставам само на теренот“ посочи тој.

Среќен сум за моето деби во дресот на Реал Мадрид, дури и покрај тоа што загубивме, иако јас никогаш не сакам да губам, мојот план е да му помогнам на тимот на најдобар можен начин“ заклучи Кубо.