24фудбал

Анчелоти: Елмас е многу интересен фудбалер, наскоро ќе го имаме

Карло Анчелоти вели дека остануваа уште ситни детали за трансферот на Елиф Елмас да биде комплетиран.

Италија

Елмас во наредните денови треба да го официјализира трансферот од Фенербахче во Наполи.

Тој денеска се збогуваше со турскиот клуб и се очекува од утре да биде во Неапол, да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договор со италијанскиот клуб.

„Многу сме блиску до ангажман на Елмас се надеваме дека се ќе се заврши брзо. Тој е многу интересен фудбалер, остануваат уште детали за трансферот да се реалиира. Се надеваме дека ќе дојде тука пред да заминеме за Трентино“, вели Карло Анчелоти.