24фудбал

Севиља со гол во 90. минута го победи Ливерпул (ВИДЕО)

Севиља со 2-1 го доби пријателскиот натпревар против европскиот шампион Ливерпул и тоа со гол во последните моменти од мечот.

Шпанија

Севиља ја доби пријателската пресметка со Ливерпул. 

Шпанскиот тим поведе во 37. минута со убав гол на Нолито, шест минути подоцна Ориги го израмни резултатот на 1-1.

Во продолжение од натпреварот мрежите мируваа се до 90. минута кога Алехандро Поцо погоди за победа на Севиља од 2-1.