24фудбал

Газдите на Интер го примамуваат Бејл со неверојатна плата, Велшанецот добива еден милион евра недeлно за да се пресели во Кина

Герет Бејл има можност да стане најплатениот фудбалер во светот, од Кина пристигнува вест дека Велшанецот има понуда од еден милион евра неделно од Џиангсу Сунинг.

Останато

Името на Герет Бејл е актуелно изминативе денови откако играчот не доби повик за пријателскиот дуел против Баерн со образложение дека се преговара за негов трансфер.

Зинедин Зидан изрази надеж дека ќе се случи нешто во следните 24 или 48 часа, а медиумите шпекулираа за негова преселба во Кина или спектакуларна трампа со Нејмар.

Се верува дека два клуба од Далечниот Исток го примамуваат Герет Бејл со куп пари, а според новинарот Баи Гуохуа, наводно веќе е постигнат договор помеѓу играчот и Џиангсу Сунинг.

Тој вели дека Велшанецот прифатил плата од еден милион евра неделно, што би значело 52 милиони евра годишно и можност да стане најплатен фудбалер во светот.

Клубот е во сопственост на компанијата Сунинг, една од најмоќните во Кина, која исто така поседува 70% од акциите во Интер.

Дека се работи на нешто говори и фактот дека Џиангсу Сунинг на својот Инстаграм профил почна да го следи Герет Бејл.