24фудбал

Де Геа со гордост би прифатил да биде капитен на Манчестер јунајтед

Голема е веројатноста дека Давид де Геа ќе биде новиот прв капитен на Манчестер јунајтед откако ќе го потпише новиот договор.

Англија

Де Геа наскоро треба да стави потпис на нов договор со Манчестер јунајтед според кој ќе заработува помеѓу 350.000 и 375,000 фунти неделно.

Оле Гунар Солскјер треба да назначи нов капитен по заминувањето на Антонио Валенсија, според него во игра се Пол Погба, Крис Смолинг, Ешли Јанг и Давид Де Геа.

Де Геа кој во Јунајтед дојде од Алтетико Мадрид во 2011 година е подготвен да ја преземе одговорноста.

„Бев капитен на некои натпревари. Се разбира неверојатно е да се биде капитен на клуб како Манчестер јунајтед и да се брани овој беџ“, вели Де Геа.

„Неверојатно е, се разбира ќе бидам многу, многу среќен да сум капитен“.

„Ова е моја девета сезона, се чувствувам како еден од најискусните играчи тука. Тоа треба да го покажам на теренот и да помогнам младите играчи да сфатат што значи да се игра за Манчестер јунајтед“.

„Треба да напредуваме многу. Ние сме Манчестер јунајтед и треба да се бориме за трофеи“.

„Кога ќе го ставите овој беџ, тоа значи борба за победа, да го дадете најдоброто од себе и да го однесете тимот повторно на врвот“.