24фудбал

Први зборви на Елмас: Среќен сум и возбуден што ќе играм за Наполи, ова е мојата голема шанса

Елиф Елмас излезе со првата изјава по преселбата на Сан Паоло, вели дека е среќен и возбуден што ќе игра во Наполи и најави дека ќе им покаже на сите колку вреди.

Италија

Македонецот вчера ги помина редовните лекарски прегледи, позираше во боите на Наполи и доцна вечерта им се приклучи на своите нови соиграчи во тренинг кампот во Димаро

Елиф Елмас излезе и со првата изјава, вели дека е среќен и возбуден од новата авантра и најави дека ќе им покаже на сите колку вреди.

„Навистина сум среќен и возбуден што ќе играм во Наполи. Ова е мојата голема шанса, предизвик да им покажам на сите колку вредам“ – вели Елиф Елмас кој со зделката од 16+3 милиони евра стана рекордна продажба на Фенербахче и рекорден трансфер за македонски фудбалер.