24фудбал

Меси лесно помина, доби ситна казна за инцидентите на Копа Америка

Лео Меси доби смешна парична казна и само еден меч суспензија за црвениот картон и изјавите кои ги даваше против организаторот.

Јужна Америка

Меси беше во центарот на вниманието на Копа Америка, но не поради неговите игри туку поради однесувањето.

Во мечот за третото место против Чиле тој доби црвен картон по еден дуел со Гери Медел. Исклучувањето беше престрого.

Но, бесот особено од поразот против Бразил, Меси го истури со изјави кон организаторот на турнирот, судиите ги нарече коруптирани, а одби да го земе и бронзениот медал.

За неговото однесување некои сметаа дека може да добие и двегодишна суспензија, но тоа ниту приближно не се случи.

Меси доби парична казна од 1500 долари, и еден меч суспензија, казна која е смешна во споредба со она што се предвидуваше.