24фудбал

Малерозниот Коман влезе и се повреди, Ковач излезе со прва прогноза

Кингсли Коман нема среќа со повредите, младиот Французин синоќа влезе против Тотнем и се повреди за пет минути, Нико Коваќ излезе со прва прогноза и вели дека најверојатно не е ништо страшно.

Германија

Офанзивниот фудбалер мака мачи со повредите изминативе две-три години, два пати ги оштети лигаментите на скочниот зглоб и паузираше со месеци. Тој неодамна најави дека дури ќе размисли и за пензија доколку одново мора да помине низ тој болен процес на операции и долга рехабилитација.

Очигледно Кингсли Коман нема среќа, Французинот синоќа се повреди и тоа само неколку минути откако влезе во игра на пријателскиот натпревар против Тотнем. 

По еден дуел со Фојт, играчот на Баерн доби удар во коленото па со фрустрирано лице и одмавнувајќи со главата го напушти теренот.

Нико Коваќ по крајот на натперварот излезе со прва прогноза и рече: „Се надевам дека не е ништо страшно и дека тој ќе се врати за неколку дена. Доби удар, тоа најчесто е многу болно“.

На прв поглед се чини дека Кинглси Коман помина добро со оглед на тоа дека играчот сам чекореше кон соблекувалната, но знаајќи ја неговата историја со повредите, ништо не е сигурно додека не излезат резултатите од тестовите.