24фудбал

Маестрална партија на Тричковски во Софија, му даде четири гола на Левски! (ВИДЕО)

Иван Тричковски имаше шоу во Софија на мечот меѓу Левски и АЕК Ларнака, неговиот тим победи со 4-0 а тој ги постигна сите голови.

Лига Европа

АЕК Ларнака отпатува со убедлива предност од 3-0, а на гостувањето не само што ја сочува туку славеше уште поубедлива победа и тоа благодарение на нашиот Иван Тричковски.

Тричко серијата ја отвори уште во осмата минута со гол од пенал. Во 29. по брза контра со силен шут по втор пат ја затресе мрежата на Левски за водство на АЕК од 2-0.


Во 75. минута по една нафрлена топка од слободен удар Тричковски со волеј погоди за водство од 3-0. А седум минути подоцна постигна и четврти гол за конечна победа на неговиот тим од 4-0.