24фудбал

Лошата сезона и повредите скапо ќе го чинат Нејмар, Бразилецот остана без бонус од 3 милиони евра

Медиумите од Бразил пишуваат дека Нејмар останал без убав бонус од 3 милиони евра откако напаѓачот не се најде на листата на ФИФА со 10 имиња за фудбалските награди „Д Бест“.

Франција

Лошата сезона и повредите скапо ќе го чинат Нејмар. Бразилецот во јануари заработи тешка повреда на скочниот зглоб по која не можеше да му помогне на ПСЖ во клучниот дел од сезоната, а се повреди и непосредно пред Копа Америка и гледаше од трибините како неговите сонародници триумфираат на првенството на Јужна Америка.

Па сосема очекуванo Нејмар не се најде на листата на ФИФА со 10 имиња за фудбалските награди „Д Бест“. Според УОЛ Еспорте, поради ова Нејмар ќе остане без убав бонус од 3 милиони евра.